Поврзете се со нас

Италија

Тудор објаснил зошто му ја одзема капитенската лента на Луис Алберто

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialSSLazio

Луис Алберто го постигна голот за победа на Лацио на незгодното гостување кај Џенова, но на овој натпревар не ја носеше капитенската лента во отсуство на Чиро Имобиле.

Аргентинецот досега беше заменик капитен и ја носеше лентата секогаш кога Имобиле не е во тимот, но вчера таа улога ја презел Адам Марушиќ. Тренерот Игор Тудор, по натпреварот морал да ја објаснува одлуката пред медиумите.

– Го бирам тимот според тоа што им е достапно, а Луис Алберто одигра добро и постигна гол.

– Јас одлучив капитен да биде Марушиќ и мислам дека одлука беше исправна. Секој може да донесе одлука за себе, но клубот мора да биде на прво место.

– Лацио отсекогаш имал добар состав и така ќе биде и следната сезона, – рекол Тудор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни