Родителите на 2-годишната Данка во полиција во Бор: мајката одбила полиграф

Родителите на исчезнатата 2-годишна Данка Илиќ се донесени во полициската станица во Бор, објави „Телеграф.рс“.

Тие не се осомничени, но со нив се врши информативен разговор.

Ивана и Милош вчера дадоа исказ во присуство на Центарот за социјална работа.

Како што објави српски „Телеграф“, мајката го одбила полиграфскиот тест бидејќи е бремена.

„Девојчето Данка Илиќ се уште не е пронајдено. Апелираме до сите луѓе да не објавуваат информации кои не се проверени. Со тоа се нарушува и се загрозува истрагата во која е инволвиран и Одделот за криминалистичка полиција, изјавиле за „Телеграф.рс“ од српската полиција.

Текстот Родителите на 2-годишната Данка во полиција во Бор: мајката одбила полиграф е превземен од МАКФАКС.