Десетици лица се приведени денеска во Истанбул, каде се одржа протест против насилството врз жените, објавија организаторите. Околу 40 лица се приведени во Истанбул, соопшти групата која себеси се нарекува „Ќе го запреме фемицидот“. Во петокот кога се одбележуваше Меѓународниот ден против насилството врз жените, полицијата приведе 200 лица, но други информации не се објавени.
Локалните власти ги забранија двата настана со образложение дека нивното одржување ќе го наруши мирот во градот. На групата и се заканува судска постапка бидејќи го прекршила законот и моралот со организирањето на протестот, наведува судството. Во 2021 година, Турција се повлече од Истанбулската конвенција на иницијатива на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Организаторите на протестот наведуваат податок за смртта на 300 жени годинава кои се жртви на фемицид, а станува збор за извршување злосторство убиство на жени и девојчиња поради нивниот пол.
Истанбулската конвенција, која беше прифатена во Истанбул во 2011 година и стапи во сила во 2014 година, е првиот правно обврзувачки и сеопфатен меѓународен механизам за борба против насилството врз жените и семејното насилство.
Г.Т.