„Марили“: Кои се „Најуспешните жени менаџерки“?


Агенција „Марили“ , годинава, традиционално по 28-ми пат ќе ги награди најуспешните жени менаџери од земјава и регионот на  18.05.2024 во Скопје . Жените менаџери коишто ќе бидат наградени оставиле длабок печат со својата работа и труд, а секако, сите менаџерки се препорачани и избрани со нивна согласност. 

Годинава дури 13 менаџерки ќе бидат наградени и ќе добијат  статуетка „Жена водилка“, од кои се 10 менаџерки од Р.С. Македонија, а три од Р. Србија и Р. Хрватска. 

Манифестацијата ќе се одржи во „Панорамика Дизајн Хотел“ во Скопје. 

На манифестацијата менаџерките, гоститите од државните институции и реалниот сектор, како и почитуваните гости од дипломатијата, покрај свеченото прогласување на жените менаџери, ќе имаат можност да ги слушнат прекрасните изведби на врвниот мецосопран Александра Коцевска и придружникот на пијано, Глигор Гелебешев,  и да уживаат во оригиналните и лирични најави на водителката Ели Танасковска. 

Марили бизнис форум: Жените бизнисменки со поттик за екосвест и циркуларна економија

Целта на манифестацијата, покрај ревијалниот карактер е  поттик за идните млади генерации, особено девојки, да се охрабрат, да веруваат во себе, и со знаење, постојано надградување и чесност да чекорат бодро низ сите животни предизвици и да успеваат на сите полиња. Секако, нивната борба за родова рамноправност во општетсвото и бизнисот да им биде водилка низ животниот век , за бидат пример и поттик за генарациите кои доаѓаат по нив. 

Манифестацијата години наназад претставува јакнење на женското претприемашво и лидерство, особено во застапеноста на жените на лидерски и одлучувачки позиции, нешто на што треба континуирано да се работи. Манифестацијата „Избор на најуспешни жени“ преку својот Марили Бизнис Клуб спојува над 150 жени менаџери кои соработуваат, се вмежуваат, охрабруват, организираат хуманитарни настани, но и ги поттикнуваат младите девојки и жени да влезат и да се остварат во бизнис сферата. 

Во продолжение список со овогодишните лауреатки: 

  • Д-р  Катерина Бошевска

Генерален директор

ЕОS Македонија и  EOS Косово

  •  Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска 

Генерален менаџер

Камел 98 – Виница

  • М-р Евгенија Ѓорѓиеска

Извршен менаџер

Ламинати КОМ Доо – Прилеп

  • Цветанка Илиева

Генерален менаџер

Бистро Груп ДОО – Гевгелија

  • М-р Ирена Јакимова 

Генерален менаџер 

Инспирит Коучинг- Скопје

  • Д-р Јелисавета Георгиева – Јовевска 

Потпретседател  на СКСМ

Стопанска комора на С. Македонија

  • M- р Клаудија Лутовска

Генерален менаџер

Сеттим Консалтинг – Битола

  • Марија Патриклиска

Менаџер за човечки ресурси

ЕАМ ДОО – Штип

  • М-р Маја Наумовска – Савеска

Директор на корпоративни и маркетинг комуникации

Халкбанк АД  – Скопје  

  •   М-р Весна Ставрова

Генерален менаџер

ПЗУ Аптека  „Сара Фарм“ – Скопје

  • Д-р Сања Путица

Менаџер за односи со јавност и инвеститор

Атлантска пловидба д.д – Р. Хрватска

  •  М-р Дариа Шуриќ 

Генерален менаџер

DarMell  – Р.Хрватска 

  • М-р Зорана Пејчиќ

Генерален менаџер и Претседател на ИО 

ДУНАВ РЕ (Дунав Реосигурување) ,  Р.Србија

Третиот регионален „Марили Бизнис Форум“ посветен на екологијата, здравата храна и циркуларната економија

Годинава, на 18 мај 2024 година, со почеток од 10 часот, во „Панорамика Дизајн Хотел“ ќе се одржи и третиот по ред регионален „Марили Бизнис Форум“. 

Овогодишната тема е „Екологија и здрава храна – фактори за одржлив развој“. Модераторите, како и панелистите доаѓаат од реномирани и докажани македонски и регионални компании, и во три панел сесии ќе се обидат да дадат одговори на многу прашања и да понудат нови идеи и решенија. 

Вовед во сесите ќе биде анализата за „Климатските промени и зеленото кредитирање од перспектива на Народната банка“, изготвено и презентирано од советник на гуверенерот на Р.С. Македонија. 

Првата панел сесија е насловена „Циркуларна економија – нови бизнис модели и практики, втората панел сесија е посветена на „Здрава храна – тренд или предуслов за здрав живот и економски развој, додека пак третата, последна сесија е насловена „Автоматизација и дигитализација во областа на човечките ресурси“

Гости на Форумот се и членките на Марили Бизнис Клуб, кој го сочинуваат најдобрите жени менаџери, кои биле дел од наградените во изминатите години. Тие даваат поддршка на сите проекти на „Марили“, едукативни, хуманитарни, и го поддржуваат јакнењето на лидерството.