Нема станица за полнење? Нема проблем! Кинезите претставија револуционерна мобилна станица за полнење – самовозечка батерија на тркала

Запознајте го електричниот еквивалент на полна канта со гориво – батериски полнач од 141 киловат-час, кој автономно се движи до потребното место, овозможувајќи флексибилно проширување на мрежите за полнење и снабдување со енергија на заглавени возачи.

 

 

Две мобилни EV станици за полнење

Кинескиот автомобилски гигант Wuling минатата недела во Гуангџоу претстави две мобилни EV станици за полнење – едната со големина на количка за сладолед, а другата многу поголема, висока 2,28 м, долга 1,96 м и широка 0,94 м. Оваа самовозечка батерија има за цел да ги реши проблемите со ограничен капацитет на EV станиците во периоди на зголемена побарувачка.

 

Забрзана транзиција кон електрични возила

Ако мислите дека редиците на бензинските пумпи знаат да бидат долги, замислете колку би биле подолги на EV станиците за време на празници во град со десет милиони жители. Кина забрзано преминува на електрични возила, оставајќи ги западните земји далеку зад себе, со темпо што е споредливо само со некои мали скандинавски држави со висока куповна моќ.

 

Флексибилно полнење и мобилни батерии

Според Wuling, тестовите покажале дека ова автономно батериско решение, кое се движи со максимална брзина од 5 км/ч, значително ја подобрува ефикасноста и флексибилноста на EV станиците. Овој „Мобилен енергетски складишно-полнечки систем“ (MESCV) беше претставен на саемот Canton Fair 2024 во Гуангџоу.
Најмоќниот модел од 141 kWh чини 42.000 долари, додека помалиот VA100T со 30 kWh и излезна моќност од 20 kW ќе се продава за 11.000 долари.

 

Иднината на мобилните полначи

Овие самовозечки батерии не се наменети само за EV станици – можат да се користат и во автосалони, сервисни центри, универзитетски кампуси и фабрики како преносливи извори на енергија. Wuling предвидува дека во иднина ќе се развијат уште поголеми и побрзи автономни полначи, кои би можеле да станат составен дел од сервисните возила за итни ситуации низ целиот свет.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *