Македонија
Тимска игра на хуманост – Андријана Јовановска типуваше, а Mozzart донира

Хуманоста е секогаш на прво место, мото по кое се води компанијата Mozzart. Една од наjпознатите и редовни хуманитарни акции е хуманитарниот тикет за викенд кој по втор пат оваа година е добитен. Овојпат типувач беше новинарката Андријана Јовановска која одлучи добивката да ја донира на семејството од Петровец чија куќа изгоре во пожар.
„Многу се израдував кога ми јавивте дека хуманитарниот тикет е добитен и дека ќе може заедно да донираме пари на едно прекрасно семејство на кое му е потребна помош. Станува збор за дедо Трајан Трпковски од с. Петровец, кој на 82 години неодамна го изгуби својот дом во пожар. Верувам дека семејството наскоро ќе ги собере потребните средства и дека ќе имаат нов, топол дом. Да не звучам клише, но фала ви и вам за можноста да типувам преку хуманитарниот тикет, па заедно да им дадеме малку надеж на оние на кои им е потребна“, изјави Андијана Јовановска новинар во CRNOBELO.com.
Куќата на семејството Трпковски изгоре во пожар пред два месеци по што е причинета голема штета. Потребна е итна санација, бидејќи во моментов во неа нема услови за живот. Донацијата од Mozzart ќе биде од исклучително значење за семејството.
„ Драго ми е што по втор пат годинава имаме добитен хуманитарен тикет. Преку ова акција до сега помош стигна на голем број адреси. Се надеваме дека со нашата донација ќе успееме да помогнеме за санација на куќата. Реализацијата на хуманитарниот тикет за викенд продолжува и натаму” , изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На „Табановце“ и „Богородица“ за влез во државата се чека околу 20 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ времето на чекање за влез во државата изнесува околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
„СДС да престане да ја понижува државата“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Одењето со глава во ѕид од страна на СДС, веќе можеме да го приметиме по коментарите од бугарските власти дека уставните измени не се последно нивно барање. Иако секојдневно, од СДС како да не пратат вести и коментари од Бугарија, продолжуваат со нивниот безобразен ПР каде што велат дека со спроведување на уставните измени, влегуваме во ЕУ, а знаеме дека не е воопшто така“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Министерот за надворешни работи на Бугарија, излезе и кажа дека уставните измени не се последното нивно барање, туку дека ќе има и други.
Знаејќи го ова СДС, ги бранат бугарските позиции кои се од најголема штетност врз македонскиот народ, само за да им се допаднат на Бугарите.
Во немањето решение и излез од ситуацијата, СДС само се понижуваше себеси и Македонија како држава. Велеа дека Гоце Делчев е Бугарин, а македонскиот јазик, бугарски.
Затоа, граѓаните ги казнија и јасно им порачаа дека не треба тие да им ја водат државата во бездна. ВМРО-ДПМНЕ гордо и достоинствено ја претставува Македонија на меѓународно поле!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Опожарена површина од околу седум хектари со трска во Охрид

Вчера попладне во 17.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека во месноста „Трно“ во близина на улицата „Прилепска“ во Охрид била опожарена површина од околу седум хектари со трска.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.