Свет

Украински беспилотни летала уништиле две складишта за гориво во Смоленскката област

Беспилотни летала на Службата за безбедност на Украина во текот на ноќта уништиле два магацини на Роснефт во Смоленската област во Русија, во кои биле складирани 26.000 кубни метри гориво, изјави денеска добро информиран извор за украинската агенција Униан.

Изворот вели дека по силните експлозии, голем пожар избувнал кај зградите во Јарчево и Роздоро, а персоналот бил евакуиран.

„СБУ продолжува ефективно да ја уништува воената инфраструктура и логистиката што ја поттикнува руската војска во Украина. Овие објекти се наши апсолутно легитимни цели“, рече изворот.

Во Русија во текот на ноќта падна дрон во градот Липецк во областа Липецк, а во нафтена рафинерија во Воронеж избувна пожар по напад на украинско беспилотно летало.

Шефот на регионот Липецк Игор Артамонов изјави дека дронот паднал во индустриската зона на градот Липецк, и дека нема жртви.

Шефот на Смоленската област Василиј Анохин изјави дека биле нападнати два магацини за нафта во тој регион, пренесува Униан.

На почеток