Докторите, вино ем ракија, не пијат, магарињата ги локаат !? 

“Дали за момент помисливте дека тие две докторки имаат семејство, деца. Дали поверувавте дека две докторки кои се и мајки, ќе се однесуваат несовесно кон беспомошно шестгодишно девојче”?

(Д-р Беќаровски)

Д-р Беќаровски е познато име во медицината. И во јавноста. Ценет е како лекар, почитуван како општествено – ангажирана личност. Се огласува не само по прашања од медицината. Дава корисни совети, укажува на неправилности…

Д-р Бекоровски го поставува прашањето: “Дали за момент помисливте дека тие две докторки имаат семејство, деца. Дали поверувавте дека две докторки кои се и мајки, ќе се однесуваат несовесно кон беспомошно шестгодишно девојче”?

Станува збор за малата, несреќна Јана Христовска од битолско, чии родители се посомневаа јавно на лекарска грешка при третманот на починатото девојче во битолската болница. Случајот постана топ-тема, институциите реагираа брзо, заклучокот е дека нема лекарска грешка.

Можеби е така, на институциите треба да им се верува, ама народот, толку е “изгорен на млекото”, што повеќе “не и верува на маштеницата”!

Д-р Бекаровски е сероизен човек Треба да му се верува. Но, ете, малкумина ќе му поверуваат.

Почитуван докторе, вие, со вашето прашање, истовремено поставувате и една дилема. Докторките – мајки, дури и да сториле се за малата Јана, тие, се, сепак, само “врв на ледениот бре”. Ние вам ви веруваме, ама и вие треба да и верувате на сензибилизираната јавност.

Ете, си земам за право и јас да ви поставам десетина прашања, од можните стотина, односно илјада, или илјадници… Не само вам, туку на сите нам, како јавност, како грагани на оваа земја.

1.Дали вие верувате дека битолскиот случај е изолиран случај? Дека е исклучок, а не правило. Јас верувам дека д-р Беќаровски е исклучок, а не правило од една неподнослива реалност во медицината и општеството во целина. Медицината и да сака не може да биде изолиран, егзотичен остров во едно валкано море.

2.Дали вие би ми верувале кога ќе речам, на пример, дека кај нас морето се дави во реките, а не реките во морето. Еден ваш колега, од пред хитлеровско доба (психиатерот Кремчар, Германец) беше напишал: “до вчера тие беа наши пациенти. Од денеска ние сме нивни клиенти”!

3. Дали вие верувате дека, она што во една меана му се случи на младиот битолчанец, кога, со кафето го напија и отров, во истата таа Бабан Битола, само еден ден подоцна, е изолиран случај? Човекот, ниту крив ниту должен, заврши на Токсикологија во Скопје, со неизвесен исход по неговиот живот.

4.Дали би ми верувале дека ваша колешка, на Гинекологија во Државна болница, докторка со искуство, практично, уби новороденче, на начин што, при царски рез, новодојденото живо во овој неправден свет, го “ПОЧЕСТИ” со плодоива вода! Еден цел месец, демек го лечеа, за да и соопштат на родилката, откако ситуацијата се “подолади”!

5.Случајот го знам лично. Дали верувате дека има многу вакви случаи, кои не се обелоденети, само затоа што мајките и родителите сакаат да си ги скратат маките и траумите? Дали верувате дека доста случаи се забошотени, на начин што на оштетените им се нудат парични средсва и разни услуги?

6.Дали верувате дека кај нас сиромасите и богатите немаат ист третман пред институциите, во медицината посебно. Вие често се огласувавте во ковид-кризата. На што личи она што се случуваше со приватните клиники? Тоа ли е хуманост, емпатичност, социјална држава?

7.Дали ќе ми поверувате дека многумина на одговорни позиции во медицината се колнат и одговараат не пред ХипокрАт, туку пред ХипокрИт-Партокрит? Дека по истиот принцип се растураат и новоконституираат влади и парламентарни мнозинства?

7.Дали вие верувате дека она што се случува со судството и обвинителството нема врска со медицината? Не драг докторе. Намерно, смислено, договорено се застаруваат кривични дела на богати и моќни, а сиромасите одат во затвор за кубик исечени дрва по селата! Медицинско е прашањето, затоа што е надвор од секаков здрав разум.

8.Дали знаете дека за исто кривично дело Судот во Њујорк пресудува казна од сто (110) милиони долари, а кај нас од цели милион долари!

9.Дали знаете дека актерите од истиот случај кај нас се заштитени мечки. Докажани криминалци, со извршни судски пресуди, наместо во Шутка и Идризово, држат универзитетски катедри. Еј, на нашите деца им предаваат правни норми, важечки од Рим Папа до денес! Мислите дека ова нема врска со медицината.

10.Ајде да не ве мачам повеќе. Дали знаете дека кај нас не се пијанат докторите, туку магарињата? Еве чиче ќе ви каже, млад сте, беше порано. Познат доктор во Прилеп смртно прегази селанец на магаре. Вештаците докажаа дека не бил појан докторот, туку магарето! Пред да го јавне селанецот, било кај казаните и јадело остатоци од виното и сливите!!!

Голушки, ги викаме на село.

Голушки, само голушки, исцедени од секаков разум сме сите ние!!!

Веле Митаноски

 

 

 

Back to top button
Close