Михајловски: Борко е извршен директор на Вардар, Стоилов помошник тренер

Најтрофејниот македонски ракометен колектив, РК Вардар, во новата сезона ќе биде ослабен за две ракометни легенди, Борко Ристовски и Стојанче Стилов, кои ја завршија кариерата, но остануваат во Црвено-црното семејство.

Долгогодишниот претседател на Вардар, Михајло Михајовски, се повлекува од сите функции, откако успеа да го спаси клубот од згаснување по заминувањето на Сергеј Самсоненко.

„Кога го преземав клубот од Сергеј Самсоненко, тоа беше за да се спаси клубот од згаснување. Кога го преземав клубот добивав уверување дека ќе стигне помош од градот, но никој не ни помогна. Во последните две-три сезони почна падот на Вардар, кога од Лигата на шампиони стигна забрана за настап поради старите долгови. Последната сезона е најлоша и завршивме на третото место на табелата па сега за да влеземе во групната фаза од европските купови мора да го победиме Рајн Некар, убедливо најтешниот противник што можеше да го добиеме. Јас од денеска се повлекувам од сите функиции во клубот. Борко Ристовски е легенда на македонскиот ракомет кој ја завршува кариерата и ќе биде нов извршен директор на рк Вардар. Иконата на Вардар, Стојанче Стоилов ја завршува кариерата и ќе биде помошник тренер на Недановски, но и координатор на младинските екипи во клубот. Тоа значи дека Стоилов ќе има две функции во клубот“, изјави претседателот на Вардар, Михајло Михајловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести