| |

Победата на Силјановска ја продолжува агонијата на македонските Бугари

Пишува: Ели Секуловска/ БГНЕС

Вчера, на 24.Април 2024 година, во Северна Македонија се одржа првиот круг од седмите по ред престедателски избори. Според последните објавени резултати од страна на ДИК ( Државната Изборна Комисија), кандидатката за претседател од партијата ВМРО- ДПМНЕ, проф. д-р Гордана Силјановска- Давкова е со убедливо водство пред актуелниот преседател на државата, Стево Пендаровски.

Се чини дека и голем број на социјалдемократи гласаа за професорката Силјановска! Фракцијата на социјалдемократскиот сојуз предводена од Господинот Максим Димитриевски, како и партијата Левица, чиј кандидат беше професорката Билјана Ванковска, ги собраа гласовите на незадоволните социјалдемократи.

После првичните резултати од страна на ДИК, речиси на сите телевизиски куќи имаше отворени програми каде главната полемика се водеше околу прашањето каде би се прелеале гласовите на албанските кандидати Бујар Османи и Арбен Таравари во вториот изборен цилкус за претседателските избори? Вкупната бројка на гласовите кои ги добија двајцата канидати изнесува повеќе од 200.000!

Но, што би значело победата на ВМРО и Силјановска за Македонските Бугари?

Во сите свои изјави Силјановска е децидна дека ќе бара преиспитување и ревизија на Преспанскиот Договор како и редефинирање и изнаоѓање на некакво си Соломонско решение со Република Бугарија. Предупредувањата од страна на американските и европските дипломатски претставници во Северна Македонија во кои беше потенцирано дека промени на договорите како и на усвоената преговарачка рамка со Бугарија не се можни, нотоа не ја поколба професорката Силјановска да ја кажува истата квази патриотска мантра во речиси сите нејзини изјави.

Според предизбориот реторички фолклор, тоа би значело тапкање во место за Северна Македонија, назадување на демократскиот процес и пред се купување на време во корист на авторитарната клика која непречено владее повеќе од 70 години, а по падот на титовиот комунизам, нејзината структура остана непроменета

Од друга страна, Силјановска постојано зборуваше за човековите права, вредности, слободи, светла иднина……Но, зарем целата таа реторика исполента со премногу „вредности“ не може да ја искриви објективноста на историската анализа?

Народот во Северна Македонија веќе неколку години после потпишувањето на билатералниот Договор со Бугарија , секодневно беше и се уште е подложен на исцрпувачка антибугарска пропаганда од страна на медиумите, политичарите и историчарите. Омразата кон Македонските Бугари стана уште пожестока, а победата на Силјановска ви значела продолжување на агонијата, како и перманентно, системско и ситематско малтретирање врз нас..

Да ја потестиме госпоѓата Силјановска на историската вистина заснована на факти.

ВМРО е организација основана во 1893 година од страна на Македонските Бугари како БМОРК (Бугарско Македонски Одрински Револуционерни Комитети).

Според Уставот на БМОРК донесен во 1896 година, во член 3 се вели дека секој Бугарин, без разлика на пол, може да биде член на БМОРК.

Се прашувам, како може Силјановска да биде кандидат за престедател на ВМРО- ДПМНЕ , организација основана од Македонските Бугари, а притоа да биде децидна против внесување на Бугарите во Уставот?

Денес, доколку членовите на БМОРК кои се бореа за слобода и човекови права, без разлика на национална етничка или религиозна припадност, кога би имале прилика да го видат денешното ВМРО и кога би ја слушнале Гопоѓата Силјановска , навистина би се срамеле.

Илинденското Востание, пак, во кое водечка улога исто така имаа Бугарите , денес упорно се фалскификува како македонско!

Едно од прашањата кои би ги поставила на Силјановска е зошто преживеаните Илинденци или нивните наследници, како и сите вмровци, после 1944 година беа судени, затворени и убиени како Бугари?

Се разбира, одговор на тоа прашање нема да добијам.

Но, апсурдот е дел од животот во денешна Северна Македонија.

Францускиот казнен кодекс усвоен уште во 1948 година вели: „Геноцид подразбира акт, кој со помош на разработен план тежнее кон целосно или делумно уништувањена една национална, етничка расна или религиозна група или некоја друга група , според било кој арбитражен критериум.

Денес, перманентно се врши геноцид врз македонските Бугари и се чини дека нема да има крај.

Најверојатно треба да се бара ургентна помош од стана на Европската комисија како и од сите релевантни меѓународни организации.



Слични Објави