”Со Едукација до Искуство”: Над 240 медицински сестри од земјава и регионот споделија искуство, знаење и новитети

”Со Едукација до Искуство”: Над 240 медицински сестри од земјава и регионот споделија искуство, знаење и новитети

Од 5 до 7 Април 2024г во хотел Аквалина Охрид се одржа Првиот конгрес на македонското здружение на медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега МЗМСАРИН на тема ”Со Едукација до Искуство”.

На конгресот учествуваа над 240 медицински сестри од скоро сите јавни и приватни здравствени установи од земјава и регионот, каде голем број од нив активно учествуваа со предавања, презентации, работилници и дискусии од страна на предавачи, гости, подржувачи на конгресот.

Од Македонија учество земаа колеги од КАРИЛ, ГОБ 8 Септември, ЈЗУ Св.Наум Охридски, КБ. Аџибадем Систина, УК Неврохирургија, ОБ Ремедика, УК Државна Кардиохирургија, Асоцијација за  дезинфекција и стерилзација, УК ГАК, Очна болница Деница, УК.Неврологија, КБ Штип, ОБ Кочани, САРИЛ КБ Битола, ПЗУ Болница Плодност-Битола, ЈЗУ СБОТ „Св.Еразмо“ – Охрид, ОБ Охрид, ОБ Гостивар и Систина Офтамолигија.

Гости од Србија беа Здружението на анестетичари, интензивна нега и трансфузија на Србија, Институт за онкологија и радиологија Белград, КЦ Крагуевац, ОБ. Св.Лука Смедерево, ОБ. Врање и ОБ Петровац на Млава.

Гости од Република Српска – Универзитетски клинички центар на Р.Српска – Бања Лука, СХБ Д-р Костиќ – Бања Лука.

Од Црна Гора – Клинички Центар Подгорица, ОБ. Бјело Полје, Специјална болница Васо Чуковиц Рисан.

Од Хрватска ЕКО ЛАБ Загреб.

За време на двата конгресни дена беа презентирани 25 практични примери, работилници, искуства и новитети.

-Беа остварени нови контакти и соработка со колеги во земјава и регионот, кои ќе ги надоградуваме и одржуваме, зошто најголемиот императив во работата на МЗМСАРИН е токму афирмација и едукација на нашата професија. Можеме слободно да кажеме дека не сме воопшто субјективни при оценувањето на успешноста на овој конгрес, бидејки покажавме дека заедно можеме и знаеме да организираме конгрес на едно виско ниво на организација, разбирање, сериозност и секако единство на целата наша фела. Ова е заклучок од коментарите на сите учесници, подржувачи и организатори, се вели во соопштението на МЗМСАРИН.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста