„Јас не велам дека ние не припаѓаме на Европа. Напротив, ние припаѓаме на Европа, но не и на Европската унија. Ми замеруваат дека многу сум зборувала за Палестина, за Газа. Па зарем она што нас ни го направија со Преспанскиот договор не е геноцид“ рече претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска.
Денес Македонија е урната земја, но не е урната за еден ден вели Ванковска. Спред неа систематски не’ уриваат веќе 30 години. Едните владеат од позиција на централно, другите на локално ниво. И си ги менуваат местата.
Н. А.