Македонија

354 санкционирани возачи во текот на викендот во Битола

171 санкции за брзо возење на територијата на Македонија

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (29/30/31.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола изречени се вкупно 354 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 251 санкции, 13 мерки за возење под дејство на алкохол, 43 мерки за непрописно паркирање, 10 мерки за зборување на мобилен телефон.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

На почеток