ООУ„Малина Поп Иванова“ од Кочани со свечен настан ги запознава првачињата со училиштето

Со музички точки и спортски игри ООУ „Малина Поп Иванова“ од Кочани, денес реалзираше активности со цел да ги запозанаат идните првачиња со училиштето и училишните просотрии и условите кои ги нуди училиштето за нив.

„Денеска во нашето училиште имаме неколку активности. Едната е да ги запознаеме идните првачиња со нашето училиште кои услови ги нуди за нив. Решивме да имаме ден за новите првачиња кои би биле дел од нашето училиште. Со оваа активност имаме уште една активност, еден проект на нашата наставничка Викторија Митева, има конкурирано во Министерството за култура и го доби: 31причина Зошто да го сакаме нашиот јазик? По оваа акривност ќе имаме деца кои ќе цртаат мурали на нашето училиште на нашите ѕидови ќе бидат нацртани во нашето училиште уметници потпомогнати под менторство на нашата наставничка.Во нашето училиште бројот спрема реализацијата е 72 ученици, идни првачиња.“ – изјави Петров

Имено на денешниот настан во училиштето се одржа и втора активност под менторство на професроката Викторија Митева, проект именуван како „31 причина да го сакаме нашиот јазик“. Овој проект подразбира изработка на три мурали во училишниот двор.

„Проектот 31 причина да го сакаме нашиот јазик е дел од манифестацијата цртај на македонски јазик, финансиран од министерство за култура. Проектот подразбира изработка на три мурали во училишниот двор. Јас како носител на проектот заедно со останати локални ликовни уметници од Кочани и со вклучени ученици денес ќе изработуваме мурали со теме да ги обоиме ѕидовите со маекедонските букви и макеоднските зборови.“- додава Митева

Денес наставничката Митева се заблагодари до директорот, ликовните уметници и музичките учесници кои ќе се вклучат на музичката манифестација. Имено, учениците од училиштето се ученици од шесто, седмо и осмо одделение, а вкупно за изработување на муралите се вклучени околу 10 ученици и тројца ликовни уметници.

Лаура Стојанова, М-Нет