Нашиот модерен и фокусиран на технологија свет ни овозможува лесно да паднеме во мрзелив начин на живот. Постојано сме приклучени на компјутер додека сме  на работа, поминуваме време на паметните уреди дома, па дури и имаме автоматизирани домашни системи што можат да ги вклучат нашите светла или телевизори.

Сепак, технологијата исто така може да нè поттикне да го подобриме нашето здравје давајќи ни поголем пристап до целокупната здравствена состојба, да ни помогне да ги оствариме зацртаните фитнес цели или дури и да не насочи и поттикне кон активен и здрав начин на живот.

Минатата година Samsung ја претстави новата генерација паметни часовници Galaxy Watch5 и Galaxy Watch5Pro, холистичка здравствена иновација опремена со паметни можности за следење на спиењето, персонализиран дизајн и подобрена издржливост што ги обликува секојдневните навики за здравје и благосостојба. Па како да го извадиме максимумот од секојдневните фитнес активности? Одберете ја вашата омилена боја, персонализирајте ги функциите и извадете го најдоброто од себе оваа есен!

  1. Загрејте се

Ако има едно нешто што треба секогаш да го правите, без разлика колкава е температурата надвор, тоа е да влезете во рутината на загревање на вашето тело најмалку 5-10 минути. Многу од повредите при вежбање се случуваат токму затоа што не се одвојува време за да се придвижи  телото и да се подготви за вежбање. Колку е поладнo надвор, толку подолго треба да го загревате телото пред секоја напорна активност. Со зголемена површина и подиректен контакт со вашиот зглоб, Galaxy Watch5 ја следи здравствената метрика сега со уште поголема прецизност од моделот Galaxy Watch4. Дополнително, неговиот моќен BioActive сензор 3-во-1 работи заедно со другите сензори од серијата Galaxy Watch5, вклучувајќи го и новововедениот сензор за температура (достапноста на оваа функција зависи од пазарот) , за да им овозможи на корисниците длабинско разбирање за нивното здравје. Сензорот за температура користи инфрацрвена технологија за попрецизни отчитувања, дури и ако температурата на вашата околина се менува. Ова отвора нови можности за програмерите да ги прошират своите опции за здравје и благосостојба, а корисниците да ги искористат предностите од целосно нови искуства.

  1. Одберете квалитетна и топла опрема

Да бидеме искрени, новата опрема за вежбање и тоа како може да биде мотив да ги загрееме патиките и да се фрлиме на вежбање. Секогаш одбирајте квалитетни материјали кои и дозволуваат на кожата да дише. Не заборавајте топли грачи за нозе, топол елек и капче или трака која ќе ви ги штити ушите од ладно. За да биде стилот комплетен, Galaxy Watch5 нуди стилски и минималистички дизајн, како и перформанси кои ви помагаат да постигнете повеќе секој ден. Доаѓа со сосема нови привлечни неутрални опции за бои, со голем екран од 44 мм достапен во графитна, сафирна и сребрена и мал екран од 40 мм достапен во графитна, розово-златна и сребрена со виолетово ремче. Ако сте меѓу оние кои бараат авантура, издржливост, перформанси и стил, Galaxy Watch5 Pro е за вас. Истиот е биде достапен во титан црна и титан сива боја, со екран од 45 мм.

  1. Вежби за тело

Без оглед на тоа колку различни рутини за вежбање менуваме во текот на нашиот живот, согласно фитнес трендовите, некои вежби никогаш не треба да излегуваат од мода и секогаш да бидат вклучени во вашата рутина за вежбање. Ако се изведуваат правилно, вежбите како што се чучнувања, склекови, пленк и стомачни се исто толку ефикасни за да бидете во форма како и секоја друга форма на фитнес. Тие можат да се направат насекаде, особено во парк. Плус,  одличен додаток се после квалитетно кардио, а има ли подобро време за трчање во паркот од есен кога боите, мирисите и свежината на воздухот ви даваат сила? Моќен и создаден да трае, Galaxy Watch5 Pro ја има најголемата батерија во Galaxy Watch. Тој е 60% поголем од Galaxy Watch4, што е клучно за да биде во чекор со вас додека освојувате нова рута. Искористете ги предностите на GPX, достапен за прв пат на Galaxy Watch. Со Route Workout одете на планинарење и снимајте и споделете со колегите во апликацијата Samsung Health. Исто така, можете  да преземете маршрути за пешачење и велосипед додека тренирате за следната трка или сакате да ја промените вашата рутина. Додека пешачите или возите велосипед, внимавајте на патеката, а не на мапата, со интуитивни насоки од кривина по кривина. Кога ќе бидете спремни да се вратите дома, Galaxy Watch5 Pro лесно ќе ве однесе со Track back, што ве враќа на патот по кој сте дошле.

  1. Истегнување

Како што истакнавме во советот 1, загревањето е од суштинско значење за тренингот за студено време. Пред, за време и по вашата рутина за вежбање, правилното истегнување може да го подобри вашиот опсег на движења секој пат кога вежбате. Бидете доследни на тоа и уживајте во придобивките по патот. И не заборавајте да се грижите за вашето тело денес и тоа ќе се грижи за вас утре.

  1. Квалитетен сон за правилно заздравување на мускулите

Дизајниран за секојдневни победи, Galaxy Watch5 нуди сеопфатно искуство така што ги надминува фитнес активностите и вклучува процеси за одмор и закрепнување после тренинг. Алатката за мерење на составот на телото  обезбедува целосна слика на целокупното здравје на корисникот, давајќи му приспособен пристап за поставување цели, водејќи го преку персонализирани вежби и следење на напредокот. И кога е време за одмор, Galaxy Watch5 им обезбедува на корисниците податоци за обновување, вклучително и отчукувањата на срцето по интензивно вежбање  и приспособени препораки за потрошувачка на вода врз основа на губење пот. Добриот ноќен одмор е важен за благосостојбата и затоа им помагаме на корисниците да имаат подобар сон. Проучувајте ги шемите на спиење со оценки за спиење што ги следат фазите на спиење, заедно со откривање на ‘рчењето  и нивото на кислород во крвта. Постигнете подобрени навики за спиење со напредниот Sleep Coaching  кој обезбедува приспособена месечна програма со водич.

 Повеќе информации на следниот линк:

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch5-40mm-silver-bt-sm-r900nzsaeuc/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch5-pro-black-titanium-lte-sm-r925fzkaeuc/

 

ПР Текст