Спорт
(Видео) Јокиќ брилијантен, Мареј повторно меч-винер, Денвер ги елиминира ЛА Лејкерс
Кошаркарите на Денвер Нагетс ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 108:106 во петтиот натпревар од првото коло на плејофот на Западот Нагетс со 4-1 во серијата ги елиминираа Лос Анџелес Лејкерс. Повторно кобен за Лејкерси беше Џамал Мареј, кој погоди за победа на три секунди до крајот на натпреварот.
Никола Јокиќ, одигра бледо прво и офлично второ полувреме, мечот го заврши со 25 поени, 20 скока и 9 асистенции, но и седум загубени топки.
Исто така, на крајот постигна неколку важни кошеви, но најважниот му припадна на Џамал Мареј. Бекот на Нагетс постигна 32 поени и седум асистенции, со 13-28 од поле.
Кај Денвер одличен беше Мајкл Портер Џуниор со 26 поени.
Во поразениот тим Џејмс постигна 30 поени, Ривс 19, а Дејвис 17, заедно со 15 скока и четири асистенции.
Денвер Нагетс во второто коло од плеј-офот ќе играат против Минесота Тимбервулвс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ројс со пиво почести 80.000 навивачи
Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс го одигра последниот натпревар на „Вестфален“, пред домашните навивачи.
Во последното коло од Бундес лигата Дортмунд, вчера победи против Дармштад со 4:0, а меѓу стрелците се запиша и Ројс. Од слободен удар го постигна вториот гол на натпреварот.
Ројс ги почести сите 80.000 фанови со пиво со порака на прошталниот натпревар.
„Во благодарам за се! Последната тура пиво е на мене”.
Германецот по 12 години ја напушта Борусија, а колку се емотивни неговите соиграчи и навивачи покажува кореографијата што му ја подготвија.
На Ројс му останува уште еден натпревар, а тоа е финалето од Лигата на шампионите на 1 јуни против Реал Мадрид на „Вембли“.
Dortmund reverencia Marco Reus. Hoje a festa é sua, craque! 👏🟡⚫️#BundesligaNoSportv pic.twitter.com/DyEIvSxW0s
— sportv (@sportv) May 18, 2024
Спорт
(Видео) Дончиќ и Далас во финалето на Западот
Кошаркарите на Далас ја победија Оклахома со 117:116 и се пласираа во финалето на Западната конференција.
Маверикс со вкупен резултат 4:2 го победија Тандер, тимот кој регуларниот дел од сезоната го заврши на првото место на Западот.
Победничките поени за Далас ги постигна Пи Џеј Вашингтон од линијата за слободни фрлања на 2,5 секунди до крајот, поточно го погоди првото, а намерно го промаши второто, а во преостанатото време играчите на Тандер имаа само време да шутираат од својата половина и не успеаја да реализираат.
Оклахома пропушти голема шанса да избори мајсторка бидејќи во третата четвртина имаше предност од 17 поени.
Херој на Маверикс, како и обично, беше фантастичниот Словенец Лука Дончиќ, кој блескаше и оствари трипл-дабл со 29 поени и по 10 скока и асистенции.
Трагичар на Оклахома беше нејзиниот најдобар играч, Шај Гилџис-Александер, кој го фаулираше Вашингтон. Најефикасниот кошаркар на натпреварот постигна дури 36 поени.
Спорт
(Видео) Усик го победи Фјури – Светот доби апсолутен шампион во тешка категорија
По 24 години светот на боксот има апсолутен шампион во тешка категорија. Тоа е Украинецот Александар Усик, кој по 12 извонредни рунди го совлада Британецот Тајсон Фјури во долгоочекуваниот меч.
Двајца судии гласаа за Усик (114-113 и 115-112), а еден за Фјури (114-113).
Усик тргна подобро, беше поагресивен во почетната фаза од мечот, но во шестата рунда се чинеше дека Украинецот е многу далеку од победа бидејќи беше разнишан од одличните комбинации на „кралот на циганите“.
Сепак, во деветтата рунда, Усик покажа зошто е еден од најголемите борци на својата генерација и со фантастичен бокс и различни притисоци, го нокаутира својот ривал.
Можеби судијата тука требаше да го прекина мечот, затоа што Фјури доби голем број на удари без активно да се брани и возврати. Гонгот на крајот од рундата го спаси видно дезориентираниот Фјури, а се чинеше дека Украинецот ќе успее да дојде до престана победа во следната рунда.
Сепак, Фјури „преживува“ до крајот на 12. рунда, но Украинецот победи на поени.
Борбата се одржа пред преполната „Кингдом арена“ во Ријад, а Усик сега е сопственик на сите главни титули на денешницата, во верзиите на ВБА, ВБЦ, ИБФ, ВБО (како и помалку значајната ИБО), титулата на списанието „Ринг“, како и титулата линеален шампион на светот.
Усик има совршени 22-0 како професионалец.
HOW did Tyson Fury survive this from Oleksandr Usyk 🤯 pic.twitter.com/49IbID0yNl
— Happy Punch (@HappyPunch) May 18, 2024