Музика на кирилица

Среќен роденден Калиопи! (Видео)

Познатата македонска дива Калиопи Букле имаше навистина успешна година. Таа беше една од ретките домашни естрадни уметници кои ја мина границата, одржувајќи серија концерти во соседна Србија и регионот. За жал го имаш оној пех со непријатната случка на концертот во Белград кој од човечки и хумани причини го одложи, а толку го посакуваше како круна на она што во 2023-та го работеше.

Но, она што го сработи огледано во песните и концертите беше повеќе од добро и доволно за радост, среќа и задоволство… И нејзино и на нејзините обожаватели и следбеници на социјалните мрежи.

Сепак, поп дивата успешната година не ја зокружи со концерт, туку со прослава… И тоа домашна, на која Калиопи како дете му се израдува на „денот што го чекаме цела година“ и едвај дочека да ги дувне свеќичките на славеничката торта, а моментот на радост и среќа го овековечи со блиц видео.

Среќен роденден наша Калиопи… да си ни жива и здрава уште мнооогу години и само успеси и убави моменти во животот, како на професионален, така и на приватен план во животот.

Можеби ќе ве интересира: