Кичево
(ФОТО) Вчера било украдено возило во Кичево, да помогнеме доколку некој го забележи!
За жал живееме во тешко време на кражби, манипулации и несовесни работи кои го допираат дното на човештвото.
Вчера на 24.11.22 вечерта во Кичево од пред влез, од сопствен паркинг на ул. 11-ти септември, украдено е возило „Hyundai Accent“ (во прилог фото/се бара и под тие регистарски ознаки доколку сеуште се возат)
За да им помогнеме на семејството кои се сопственици на возилото, упатуваме апел до сите кои некаде ќе го забележат автомобилот веднаш да известат на тел бр. ☎️ 071/382-703 или во Полициската станица.
За немилиот настан известени се ОВР Кичево.
Сподели што повеќе луѓе да го видат возилото, со цел побрзо препознавање и пронаоѓање.
Ви благодариме.
Кичево
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија Зајас и Осломеј кои се во негов состав.
Во рамки на посетите министерот Тошковски одржа состаноци со раководствата на организациските единици и беше запознаен со структурата, тековните активности, движењето на криминалитетот и состојбата со човечки ресурси и техничка опременост.
– „Генерално на територијата на ОВР Кичево каде живеат повеќе од 50 илјади жители има стабилна безбедносна состојба и има над 50% реализација на кривични дела и покрај фактот што има ниска пополнетост со полициски службеници и стари возила. Што се однесува до Полициските одделенија Зајас и Осломеј се забележува намалување во делот на евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, а во делот на човечки ресурси и материјално-технички средства состојбата е како и во најголемиот дел од организациските единици“, за медиумите истакна министерот Тошковски.
ФОТО:
Извор: Министерство за внатрешни работи
Кичево
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на проектот „Размислувам, избирам, учествувам, Ученикот како активен граѓанин.“
Утре петок, 19.04.2024, со почеток од 11:00 до 13:00 часот во училиштето ке се одржи „Safe Spot Festival“ со тема – Интернет безбедност, така што колегиумот упатува покануваме до сите, да присуствуваат на овој настан, ќе биде забавно.
Кичево
Вчера двајца малолетници од Кичево нарушиле јавен ред и мир со физичка пресметка
На 12.04.2024 година во 21.50 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во близина на угостителски објект на улицата „Рудничка“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од еден врз друг малолетник, двајцата од Кичево.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево18 часа
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Кичево16 часа
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Хроника20 часа
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Магазин2 дена
Социјалната мрежа X воведува претплата за нови корисници
-
Спорт1 ден
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“
-
Магазин2 дена
Кинескиот одговор на ChatGPT достигна 200 милиони корисници