Search

Изложба на Маја Аргакијева во Europe House Veles посветена на жените во спортот

Во Europe House Veles во петок на 10-ти мај во 17:30 часот, во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот институт и во партнерство со Амбасадата на Грција, Олимпискиот комитет и Трговскиот центар Ист гејт мол, ќе биде отворена изложба на фотографката Маја Аргакијева посветена на жените во спортот.

Изложбата е поставена во пресрет на Олимписките и Параолимписките игри во Париз, каде ќе биде адекватно застапена родовата еднаквост. Токму затоа, Europe House Veles сака да им приреди омаж на врвните спортистки од земјава.

„Овие жени, преку нивните достигнувања и посветеност се синоними за трите олимписки вредност: извонредност, почит и пријателство“, се вели во најавата за илзожбата.

Најново

Последни колумни