Од неговата премиера овој август на Монтерејската недела на автомобили, малку е откриено за моделот Mistral

Сега од Молсхајм решија да го прекинат молкот и да откријат некои нови информации. Она што особено одекна е дека Mistral во Top Speed режим на работа ќе може да оди побрзо од неговиот духовен претходник – Veyron Grand Sport Vitesse успеа да достигне 408,84 km/h во 2013 година.

Емилио Сцерво, технолошки директор во групацијата Bugatti Rimac, открива дека новиот родстер ќе може да оди побрзо, односно е дизајниран да достигне најмалку 420 km/h. Во соодветен режим, задното крило ќе се израмни за да се намали отпорот на воздухот.

За потсетување, Mistral е последното Bugatti и воедно последниот сериски автомобил со W16 мотор. Ќе биде произведен во 99 примероци, а почетната цена е 5 милиони евра. Првите испораки ќе започнат во 2024 година.