Граѓаните и Кралевите треба да одиграат нов спектакуларен меч

6003 Манчестер сити – Реал Мадрид (21.00 часот)

Првиот натпревар беше фантастичен и заврши без победник 3:3 и вечерва ќе падне одлуката кој ќе се пласира во полуфиналето. Минатата година Манчестер сити го елиминира Реал Мадрид, и тоа со убедливата победа од 4:0 во реваншот кој се играше на „Етихад“, а потоа и го крена шампионскиот пехар. Но, вечерва се очекува да биде поинаква сликата, Реал Мадрид игра одлично цела сезона, а главниот збор го имаат офанзивците како Џуд Белингам, Винисиус жуниор и Родриго, што е гаранција дека головите ќе ги има и вечерва.

Предлог тип: ГГ & 1+ I & 1+ II (1.86)

 

6004 Баерн Минхен – Арсенал (21.00 часот)

Првиот меч кој се играше на „Емирати“ заврши 2:2. Иако многумина им даваа минимални шанси, фудбалерите на Баерн Минхен одиграа одличен натпревар, водеа со 1:2 и беа на чекор до победата, но во финишот примија гол и мечот заврши без победник.

Токму Лигата на шампионите е единствена шанса за Баерн да се „испере“ за катастрофалната сезона, а адут на нивна страна е тоа што последниот пораз на „Алијанц арената“ го доживеал во 2021 година од ПСЖ (2:3). Арсенал во неделата доживеа голем удар за шампионските амбции во Премиер лигата со поразот од Астон вила (0:2). Топчиите последен пат играле во полуфинале во ЛШ во 2009 година, кога беа елиминирани од Манчестер јунајтед.

Последните два меѓусебни меча кои се играле на „Алијанц арената“ завршиле со убедливи победи на Баерн од 5:1.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.80)

 

3141 Динамо Загреб – Вараждин (17.00 часот)

Динамо Загреб по лошиот старт на сезоната, игра одлично кога е најпотребно и се врати во трката за титулата, додека Вараждин има обезбеден опстанок во лигата. Модрите се во серија од пет победи по ред и со евентуален триумф во заостанатиот меч против Вараждин, ќе дојдат само на два бода од лидерот Риека и ќе ја направат суперинтересна завршницата од сезоната. За тоа во каков ритам се фудбалерите на Динамо, најдобро покажуваат трите последни меча на домашен терен на кои се остварени три убедливи победи над Истра (4:1), Славен Белупо (5:1) и Горица (4:0).

Предлог тип: 1-1 & 3-6 (2.06)

 

1557 Порто – Гимараиш (21.15 часот)

Ова е реванш-натпревар од полуфиналето во Купот на Португалија. Првиот меч заврши со минимална победа на Порто, кој е голем фаворит за победа и пласман во финалето. Токму Купот е последна шанса за Порто да ја спаси сезоната бидејќи се наоѓа на третото место во шампионатот дури со 18 бода помалку од лидерот Спортинг Лисабон. Последниот меѓусебен меч кој се играше на „Драгао“ беше точно пред десет дена и славеше Гимараиш со 0:1.

Предлог тип: 1 & 1+ I & 1+ II (2.35)

 

1241 Данди – Ренџерс (21.00 часот)

Ренџерс со поразот од Рос каунти (2:3) во неделата го загуби првото место на табелата од големиот ривал Селтик и вечерва победата е единствена опција за шкотскиот гигант. Ова е последно коло од регуларниот дел од сезоната и со евентуален триумф, Ренџерс ќе дојде само на еден бод од Селтик во конечната битка за титулата во плејофот. Ренџерс победил на последните осум меѓусебни средби, а последен пат загубил од Данди во 2017 година.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.30)

- Оглас -

Најнови вести