Минатата година беше промовирана книгата „Џаро – Живот на коцка“ во која се раскажува за неговиот живот, а авторка на книгата е неговата ќерка, новинарката Милица Џаровска
По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој беше познат и како „кралот на местенките“ во фудбалот, нешто за што самиот отворено зборуваше.
Џаровски соработуваше со некои од најголемите југословенски естрадни ѕвезди, меѓу кои: Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена…
Минатата година беше промовирана книгата „Џаро – Живот на коцка“ во која се раскажува за неговиот живот, а авторка на книгата е неговата ќерка, новинарката Милица Џаровска.