Филхармоничарите и засвиреа на Владата/ФОТОГАЛЕРИЈА

63

Вработените во Македонска филхармонија денеска протестираа пред Владата, бидејќи се уште не е променета одлуката за просторно сместување на втора институција во објектот наменски изграден за единствениот симфониски оркестар во земјата.

Фото: П. Стојановски

“Пред неколку недели побаравме средба со премиерот, но, од Владата ниту одговорија на нашето барање, ниту пак се заложија за промена на штетната одлука. Протестите продолжуваат и нема да запрат се додека државата не ја промени одлуката “привремено” да смести уште една институција во објектот на Филхармонија, велат оттаму.