15 години затвор за ЛГБТ во Ирак – САД го осуди законот со кој се криминализираат истополовите врски

15 години затвор се заканува на оние кои се во истополови врски и на трансродовите лица. Парламентот на Ирак донесе Закон со кој се криминализираат овие односи. Претходно парламентот сакаше да воведе смртна казна, но реагираше меѓународната невладина организација Амнести интернешенел, која го критикуваше „кршењето на основните човекови права“.

Новиот закон предвидува казни од десет до 15 години затвор за хомосексуални односи, како и за размена на сексуални партнери (свинг) во хетеросексуални односи.

Американскиот Стејт департмент објави дека законот усвоен од ирачкиот парламент со кој се криминализираат истополовите врски е закана за човековите права и слободи и ќе ја ослабне способноста на Ирак да ја диверзифицира својата економија и да привлече странски инвестиции.

„Овој амандман им се заканува на оние кои се најзагрозени во ирачкото општество. Може да се искористи за да се попречи во слободата на говорот и изразувањето и да се спречи работата на невладините организации низ Ирак“, се вели во соопштението на Стејт департментот

Back to top button
Close