Трамп на суд: Денес е многу, многу тажен ден во Америка

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави  пред судницата во Њујорк, каде што ќе ги сослуша обвинителите како објаснуваат зошто неговото наводно прикривање на тајните плаќања на порно ѕвездата Сторми Даниелс за време на кампањата во 2016 година е кршење на законот, дека „денес е многу, многу тажен ден во Америка“.

Тој го повтори своето верување дека судењето е „многу неправедна“ форма на „мешање во (претседателските) избори“ во САД, објави Би-Би-Си.

 

Трамп денеска има две рочишта пред различни судии во Њујорк.

Текстот Трамп на суд: Денес е многу, многу тажен ден во Америка е превземен од МАКФАКС.