Поврзете се со нас

Македонија

Разиграниот Вардар му одржа лекција на Пелистер во првото лигашко дерби

Објавено

на

Ракометарите на Вардар 1961 издвојуваа победа над Еурофарм Пелистер од 31-24 во првото лигашко дерби во најсилната домашна конкуренција.

Средбата во СЦ „Јане Сандански“ донесе тензија, нервоза, имаше и инциденти, натпреварот беше во прекин во првото полувреме откако гостинската навивачка група пристигна на трибините по што летаа факели кон домашните фанови, па „Комити“ влетаа на теренот.

Откако се надминаа овие проблеми, двете екипи продолжија да се надигруваат во Аеродром, а актуелниот шампион беше подобар, помирен, знаеше како да ги користи своите минути и на пауза замина со предност од 13-10. Во вториот дел избраниците на Недановски беа уште поквалитетни, подоминатни, ја зголемија разликата и дојдоа до заслужен триумф со кој се чекор поблиску до одбраната на пехарот во Суперлигата.

Талески и Манасков со по седум гола беа најефикасни кај победникот, голманот Томовски имаше 12 одбрани. Кај поразените Пешевски постигна пет гола.

Во првиот денешен натпревар Тинекс Пролет беше подобар од Охрид со 27-26.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни