Кога немаш со што, фрлај со дрва и со камења кон противникот: СДСМ го спушта нивото на кампањата

Кога немаш со што, фрлај со дрва и со камења кон противникот: СДСМ го спушта нивото на кампањата

Нивото на изборната кампања за претседателските избори го допре дното. Со леснотија се кажуваат навреди кои досега никогаш не биле кажани на јавна сцена. Особено не од страна на акутелен претседател, претседателски кандидат и професор. Безидејноста на СДСМ, велат дел од познавачите, е главната причина зошто нивната кампања е не само црна, туку и длабоко загрижувачка по оптшествениот живот на едно демократско општество. Нивото не само што е спуштено туку е 20 000 милји под морето.

Недостатокот на програма на социјал-демократите, како и недовербата на граѓаните во нив се чини се причина зошто можеби и наместо Пендаровски, неговиот тим , но и партијата која стои позади него наместо да промовираат проекти, тие намерно го спуштаат нивото на кампањата оти немаат што друго да кажат.

Не знам кој ги советувал да го спуштат нивото на кампањата, бидејќи на тој начин само губат. Го мобилизитаат спротивното членство на поголема излезност. Катастрофална грешка во кампањата, меѓутоа тие имаат и повеќе грешки. Една е овие навреди, другата се некои од спотовите кои се тотално промашување, така што очигледно имаат погрешен советник и погрешно ниво на кампања, вели за Алфа, Дарко Јаневски – новинар.

Колку и скапо да плаќаат PR стратези и на кој и начин да се плаќани, кампањата која ја водат им е погрешна. Според познавачите, со ваквите коментари, се чини дека Пендаровски поставува опасен преседан за третманот на жените и постарите лица во јавниот живот, зајакнувајќи ги штетните стереотипите и дискриминацијата. Исто така, ваквото однесување не само што го поткопува достоинството на оваа група граѓани, туку и ги поткопува принципите на инклузивност и еднаквост вградени во македонскиот устав. Јаневски вели, ваквото однесување ќе влијае негативно врз СДСМ и за претседателските и за парламентарните избори.

Свесни се дека ќе ги изгубат изборите и наместо да се обидат да поправат нешто тие го спуштаат нивото, не знам која им е целта со спуштање на нивото и со навреди кон Силјановска. На тој начин ниту ќе добијат некој неопределен, ниту ќе го мобилизираат своето членство на поголема излезност. Тие во моментов се – 100 000 гласови и на овој начин нема да го намалат тој минус, освен што ќе се прикажат какви навистина се. Што не е добро, не само за вториот круг каде Пендаровски ќе загуби, туку и за парламентарните избори, вели за Алфа, Дарко Јаневски – новинар.

Канонадата на недолични коментари започна од страна на Пендаровски, за пред некој ден и неговите поддржувачи јавно да продолжат со навредите, а на тоа претседателскиот канидат не реагираше, а не изостанаа ниту апалузи. Откако јавноста бурно реагираше, потпаролката на СДСМ и на Пендаровски, Богданка Кузевска, на социјалните мрежи се правда дека ниту таа, ниту кандидатот за втор претседателски мандат, не го поддржуваат коментарот на сопартиецот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста