Поради постот на сопругата на Силва, Покетино со еден потег го казни својот играч

Сопругата на Тијаго Силва деновиве преку порака на социјалните мрежи околу Маурисио Покетино, предизвика непосакувани реакции во рамки на клубот.

Со оглед на тоа дека се поголем е притисокот врз Маурисио Покетино, пред само ден два, сопругата на Тијаго Силва, по поразот на Челси од Волверхемптон, напиша… „Ако чекате уште, потоа ќе биде доцна!, јасно алудирајки на позицијата на Покетино.

Веднаш по тој потег на сопругата на Силва, тренерот на Челси реши да го казни фудбалерот што дозволил таква слобода.

Маурисио Покетино по поразот од Волверхемптон реши да се оправда, но нивната позиција не му прави услуга на Аргентинецот. Но очигледно дека по постот на сопругата на Силва, тој си заработи казна.

Вечерва тренерот на Челси не го стави Тијаго Силва во составот за мечот против Астон Вила, каде Челси одигра одлично прво полувреме и по кое има предност од 2:0.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО