САД идентификувале пет израелски единици одговорни за „сериозно“ кршење на човековите права пред војната во Газа

Пет единици на израелската армија се одговорни за сериозни прекршувања на човековите права во инцидентите што се случија надвор од Газа и пред да избие конфликтот меѓу Израел и Хамас во октомври, соопшти во понеделникот Стејт департментот. .

Сепак, заменик-портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател, рече дека тоа нема да влијае врз продажбата на оружје од САД на тие единици. Одби да даде поединости за тоа кои човекови права биле прекршени, кои единици биле вклучени во инцидентите и што тие потоа направиле во врска со тоа.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно овој месец рече дека донел „одлуки“ во врска со наводите дека Израел прекршил серија американски закони кои забрануваат воена помош на поединци или ентитети одговорни за грубо кршење на човековите права.

Таканаречените Лихиеви закони, предложени кон крајот на 1990-ти од американскиот сенатор Патрик Џозеф Лихи, забрануваат давање воена помош на поединци или единици кои вршат грубо кршење на човековите права и не се изведени пред лицето на правдата.

Извор запознаен со случајот изјавил за Reuters во петокот дека Соединетите dржави добиле нови информации од израелските власти за одредена единица на Армијата за одбрана на Државата Израел (ЦАХАЛ – IDF), која Вашингтон, наводно, имал намера да ја именува за одговорна за
тепки прекршувања на човековите права во втората палестинска енклава Западниот брег (на реката Јордан).

Во контекстот на новите информации, Вашингтон испитува дали се спроведуваат мерки за корекција на таквото однесување, рекол изворот. Предметната единица, баталјонот „Нецах Јехуда“, е формирана во 1999 година и е составена од ултраортодоксни Евреи.

Пред десет дена американскиот информативен портал Axios објави, цитирајќи тројца соговорници запознаени со ова прашање, дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен се очекува да објави санкции против единицата „Нецах Јехуда“ за кршење на човековите права на Западниот брег во наредните денови. Ова ќе биде првпат САД да воведат санкции против израелска воена единица. Санкциите ќе им забранат на членовите на единицата да добијат воена поддршка или американска обука, објави Axios, цитирајќи свои извори.

Нетанјаху Тогаш на X напиша дека во последните седмици води кампања против воведувањето санкции за израелските граѓани, вклучително и преку разговори со високи претставници на американската влада. „Во време кога нашите војници се борат со чудовиштето на теророт, намерата да се воведат санкции врз единицата е врв на апсурдноста и морална ниска точка“, напиша израелскиот премеир.

Бени Ганц, член на воениот кабинет на Израел, тогаш коментираше дека воведувањето санкции за единицата ќе создаде опасен преседан и ќе испрати погрешна порака до „нашите заеднички непријатели“ во време на војна. Ганц рече и дека ќе бидат преземени мерки за да се спречи оваа одлука да биде донесена.

Пешадиската единица е „составен дел на израелските одбранбени сили“ и е обврзана со воено и меѓународно право. Израел има „силни и независни“ судови кои можат да се справуваат со наводните прекршувања, додаде Ганц.

Американски официјален претставник на 21-ви април рече дека одлуката на Блинкен во врска со единицата се заснова на случаите што се случиле на Западниот брег пред нападот на Израел на 7-ми октомври од страна на Хамас.

Според израелските медиуми, единицата е поврзана со десничарскиот екстремизам и насилството врз Палестинците. Израел ја повлече единицата од Западниот брег во декември 2022 година.

Предметната единица, баталјонот Нецах Јехуда, е формирана во 1999 година и е составена од ултраортодоксни Евреи.