Поврзете се со нас

Англија

Астон Вила стави точка на шпекулациите: Емери ќе го води премиерлигашот до 2027 година

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AVFCOfficial

Неколку клубови ги надминаа очекувањата од фановите во текот на актуелната сезона во Премиер лигата, а меѓу нив е Астон Вила, која заслужено се бори за место кое води во Лигата на шампионите.

Фановите на екипата која се наоѓа зад триото инволвирано во битката за титулата, најголем дел од заслугите му ги припишуваат на менаџерот Унај Емери, па затоа Астон Вила се погрижи да го заштити актуелниот менаџер од неколку заинтересирани англиски и европски ривали.

Шпанецот го привлече вниманието со начинот на кој Вила ги освојува бодовите сезонава, а денеска стана јасно дека прифатил продолжување на договорот до 2027 година. Со тоа клубот експресно стави крај на шпекулациите, според кои Емери бил на потесниот список кандидати за нов тренер на неколку европски ривали, а беше совет на Лотар Матеус и за раководството на Баерн Минхен.

Астон Вила се пофали со информацијата, потенцирајќи дека Емери и натаму ќе добива силна поддршка и ресурси со кои ќе гради успеси на клубот кој годинава прославува 150 години од своето формирање.

Емери дојде во Бирмингем во 2022 година и експресно почна да ги подобрува резултатите на екипата, која веројатно следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, а годинава стигна до европско полуфинале првпат по 42 години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни