7.8 C
Скопје
06:27 - 27 април, 2024

Гвинет Палтору тврди на суд дека таа е жртвата: „Отпосле сфатив дека не сум сексуално нападната“

Гвинет Палтроу во петокот од говорницата на сведок во Судот, инсистираше дека скијачкиот судир во 2016 година во луксузниот ски-центар во Јута не бил нејзина вина, тврдејќи дека тоа започнало кога мажот што ја тужел налетал на неа од зад грб.

Актерката сведочеше дека несреќата ја шокирала – и начинот на кој скиите на мажот се превртеле меѓу нејзините две нозе, на почетокот ја натерало да се загрижи дека ја „навредува“, рече таа.

„Имаше тело врз мене што ме притискаше и многу чуден шум“, рече таа.

„Мојот мозок се обидуваше да разбере што се случува“, продолжи таа. Подоцна Палтроу појасни дека по нејзината паника од неколку секунди, сфатила дека ненадејниот судир не бил од сексуална природа.

По четири дена поминати во судот, Палтроу остана смирена и прибрана повеќе од два часа на говорницата на сведокот. Членовите на поротата во Парк Сити седеа збунети додека таа категорично ја негираше вината за судирот.

Тери Сандерсон, пензионираниот оптометрист кој ја тужи глумицата, се очекува да даде спротивен извештај за несреќата кога ќе застане на говорница во понеделник.

Во секундите по судирот, Палтроу признала дека прво му викала на Сандерсон, а потоа не престанала да го прашува дали е добро.

Адвокатите на Сандерсон пак, се обидоа да го прикажат случајот како одраз на невнимателноста на славната личност, додека Палтроу инсистираше дека таа – а не 76-годишниот маж што ја тужеше – е повредената страна.

„Морате да имате на ум, кога сте жртва на несреќа, вашата психологија не мора да размислува за личноста која го извршила тоа“, рече таа.

За да го привлечат вниманието на поротата на богатството на Палтроу, адвокатите на Сандерсон ја испитуваа Палтроу за цената на ски инструкторите во луксузното одморалиште Deer Valley и нејзината одлука да ја напушти дестинацијата за да оди масажа на денот на несреќата.

Многумина ова судење го нарекоа бизарно, и се согласуваат дека има за цел пензионерот да извлече што поголема сума за отштета од Палтроу, претставувајќи се како жртва.

Судењето продолжува во понеделник.

 

 

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....