Во Малме, Шведска вечерва се одржува финалето на 68. Избор за песна на Евровизија.

  • Гласањето во финалето на Евровизија започна

Гласањето за победникот на Евровизија штотуку започна.

Според новите изменети правила, гласањето трае од самиот почеток на натпреварот во текот на целата натпреварувачка програма кога ќе бидат претставени земјите учеснички во финалето.

  • 21:03 часот Започнува финалето на Евровизија

Започна финалето на 68-то издание на Евровизија.

Вечерва не очекува спектакл за кој се погрижија домаќините во шведскиот Малме.

Лорин, минатогодишната победничка на Евровизија, повторно и го донесе на својата земја најголемото музичко натпреварување.

Организаторите се погрижија за секој детал, голема сцена, визуелни и сценски ефекти и богат птограм.

За титулата победник ќе се борат 25 земји.

Спектаклот во Малме Арената започна со традиционалната парада на знамето.