Мирната рака на Димитријевиќ донесе полуфинален триумф на Уникс

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ ја одбранија предноста на домашен терен во првиот полуфинален натпревар од ВТБ лигата славејќи со 78-75 против Локомотив Кубањ.

Димитријевиќ кој игра фантастична сезона во најсилното руско првенство денеска немаше шутерска вечер завршувајќи со скромна реализација од 4/19 во обидите од поле, но беше речиси перфектен од линијата за слободни фралања (6/7), притоа погодувајќи четири слободни фралња во последните 30 секунди од средбата со што го остави својот тим во предност од два напади по камбекот на гостите од двоцифрена негатива.

Димитријевиќ постигна двоцифрен број на поени (16), а додаде и шест асистенции, два скокови и три украдени топки.

Се вчитува...