15.8 C
Скопје
10:25 - 3 мај, 2024

(Фото) Принцот Вилијам се врати на социјалните мрежи за првпат откако Кејт Мидлтон ја објави својата дијагноза

Откако Кејт Мидлтон објави видео порака на 22 март на инстаграм-профилот на принцот и принцезата од Велс во која објавија дека има рак, ниту таа, ниту принцот Вилијам не објавија ништо на својата инстаграм-страница. Затоа, особено внимание привлече првата „приказна“ објавена вчера од принцот Вилијам, по речиси 20 дена молк.

Идниот крал на Велика Британија ѝ оддаде почит на спортските достигнувања на Рејчел Дејли, откако таа го објави своето пензионирање. Таткото на три деца, кој моментално ги поминува велигденските празници со Кејт и нивните деца, принцот Џорџ (10), принцезата Шарлот (8) и принцот Луј (5), одвои време да ја покаже својата благодарност за спортските достигнувања на Рејчел.

„Ви благодарам за толку многу незаборавни настапи со англиските лавици, Рејчел Дејли“, стои во описот над фотографијата на спортистката.

принтскрин

Принцот и принцезата од Велс во последниве недели се повлече од јавност бидејќи на принцезата Кејт ѝ треба време да се опорави. Таа моментално е на превентивна хемотерапија.

Принцот, кој не е виден јавно од објавата на неговата сопруга, не се очекува да се врати на јавните обврски додека неговите деца не се вратат на училиште по празниците.

 

Слични објави

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо
Се вчитува....