Breaking News

Почнува летното сметање на времето


Во два часот по полноќ со поместување на стрелките за еден час нанапред почнува летното сметање на времето. Тоа значи дека времето во 02 часот ќе се смета како 03 часот.


Одлуката за промена на времето од зимско во летно ја донесе Владата на последната седница одржана на 21 овој месец.


Летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 03 часот се смета како 02 часот. бак/мс/

Фото: МИА архива