Going Down – кошмарот кој го натера Yon Idy да напише нов сингл

Младиот кантавтор Yon Idy ја објави својата најнова песна под наслов „Going Down” – песна на која работел подолг период, песна со која созревал.

„„Going Down” е мојата втора песна објавена во овој проект кој го завршив на крајот од минатата година. Дефинитивно е најразлична од сè што досега публиката беше навикната да слуша од мене. Напишана е така што се менува цело време и засега можеби е и мојата омилена песна од ова EP кое го објавувам.


Оваа песна ја пишував низ изминатите три години и раскажува туѓо искуство, искуство кое драга личност го сподели со мене. Хаосот во песната е вусшност дел од кошмарот на девојката која го сподели со мене и тоа беше главната инспирација. Како одминуваше времето, како созревав, сè почесто се пронаоѓав во песната, во самите зборови, во музиката, но токму затоа и претрпуваше толку измени, па сега можам да кажам и дека пеам за мое лично искуство. Затоа и толку ја сакам, веројатно, заради процесот и патувањето, како од емоционален, така и од инструментален аспект. Секогаш кога ќе се навратев на неа, нешто ново можев да додадам и секогаш новото значеше подобрување на целиот пакет. Се надевам и слушателите ќе можат да го почуствуваат истото кога ќе ја слушнат”, изјавува Yon.

 


Yon Idy e наш млад, перспективен музичар кој има карактеристичен вокал, а неговата музика е впечатлива. Многумина велат дека потсеќа на странски музичар, а бидејќи пее на англиски јазик, неговите песни многу лесно си го наоѓаат своето заслужено место на странските радија, особено во Европа. Yon има интересни планови за иднина и од него може да очекуваме одличен албум со поразличен звук од она до сега.


Синглот „Going Down” e достапен на сите музички платформи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неделен хороскоп за сите хороскопски знаци: Што не очекува оваа недела според хороскопскиот знак?!

Овен Работа: На почетокот на неделата ќе бидете доста активни, комуникативни, актуелни и на многу …