Search

Александра Илиева го отвара циклусот настани „Во Фокус” организирани од страна на Книжевниот клуб – Куманово

„…Онаму- каде ти ги допишувам неколкуте чкртаници, во кои ти го вдахнувам посоењето…“

Со поезијата на Александра Илиева, во вторник, на 14 мај, во малата сала на НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово започнува циклусот настани „Во Фокус” организирани од страна на Книжевниот клуб – Куманово.

Илиева е млада поетеса од Гевгелија која во 2021 година ја објави дебитанстската книга со поезија „Оксиморонски луѓе“, поделена на два дела „Приземјена“ и „Отсутна“.

На настанот, покрај Илиева, ќе гостуваат македонски автори кои ќе дискутираат за нивната книжевна дејност, како и за нивните гледишта, критики и ставови на одредени тематики. Разговорите ќе бидат базирани на психолошки, филозофски или културолошки аспект и позиција на човекот како поединец во општествена заедница.

Најново

Последни колумни