Октомври е трет месец по ред во кој е забележан раст на продажбата на нови автомобили во Европа, а главната причина е стабилизација на пазарот на компоненти

Сепак, производителите на автомобили се загрижени дека влошувањето на економските услови може да ги оддалечи купувачите од купување нов автомобил.

Во текот на октомври е забележан 14% поголем број на нови регистрации во однос на истиот месец лани, а до клиентите се испорачани 910.753 автомобили.

Автомобилската индустрија продолжи да расте во август, по 12 последователни месеци на пад. Volkswagen Group, најуспешниот европски производител на автомобили, е големиот победник во октомври со раст на продажбата од 40 отсто во однос на октомври 2021 година. На второ место е Stellantis, кој има пад на продажбата од 1,8 отсто, а на третото место е Hyundai Group, со пад од 4,9 отсто.

И додека проблемите со синџирите на снабдување се делумно решени, па производителите имаат доволно микрочипови и други компоненти, енергетската криза во Европа ги зголемува трошоците и го запира побрзото и позначајно закрепнување.

Резултатите од продажбата од октомври се позитивни во споредба со катастрофалниот октомври минатата година, но сепак се значително послаби од периодот од пред неколку години. Европа се подготвува за тешка зима со двоцифрена инфлација, а економската ситуација може дополнително да го забави закрепнувањето.

Во Германија се очекува пад на продажбата, додека благ раст може да се забележи во Франција, Италија и Шпанија. Во Обединетото Кралство, каде што продажбата на автомобили е на пат за најлоши перформанси од 1982 година, инфлацијата минатиот месец достигна највисоко ниво во последните 41 година.

BMW и Stellantis предупредуваат на пад на побарувачката оваа зима, а послабата продажба би можела да биде поизразена во северноевропските земји. Луксузните возила од високата класа остануваат релативно отпорни на овие пазарни промени, бидејќи продолжуваат да профитираат од заостанатите нарачки акумулирани за време на пикот на кризата со микрочипови.

Повеќе на следниот линк.