ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Трошоците за сместување во студентските домови се враќаат по стара цена

Сместувањето во студентските домови останува по стара цена, колку што студентите плаќале изминатите години, се вели во одлуката која денеска ја донесе Управниот одбор на Државниот студентски дом „Скопје“.

„Враќање на цените за сместување и исхрана на студенти, односно цената од 3 945 денари се враќа на 3 645 денари, исто како претходните години. Напоменуваме дека при покачувањето на цените за сместување и исхрана се земени во предвид сите трошоци на ДСД ’Скопје’ кои се значително поголеми и не е прекршена ниту една процедура“, се посочува во соопштението на Државниот студентски дом „Скопје“.

Како што додаваат од Државниот студентски дом „Скопје“, одлуката да се вратат старите суми е донесена по реакцијата на студентите за покачените цени, а дополнително ќе се бара решение за нормално функционирање на студентските домови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button