Војна на ѕвездите на „Итихат“

113
epa10635121 Players of Manchester City celebrate after going 3-0 up during the UEFA Champions League semi-finals, 2nd leg soccer match between Manchester City and Real Madrid in Manchester, Britain, 17 May 2023. EPA-EFE/DAVID RAWCLIFFE

Тешко дека ќе бидеме сведоци на реприза од првиот меѓусебен дуел, но нема дилема дека и вечерва ќе има голема борба и неколку погодоци на вториот 1/4 финален дуел во Лигата на шампиони помеѓу бранителот на тронот, тимот на Манчестер Сити и шпанскиот гигант Реал (М).

Пред една недела, дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ заврши без победник, но фудбалските фанови уживаа во дури шест прекрасни погодоци. Англискиот премиерлигаш е во мала предност само поради фактот дека игра на „Итихат“, а „кралскиот клуб“ често пати пакажал дека е најопасен кога предвреме е отпишан.

И двата тренера немаат некој посериозен проблем кога е во прашање здравствениот билтен и се очекува најдобрите да истрчаат на зелениот терен

-Нема да го добиеме дуелот против Манчестер Сити благодарение на добриот фитнес. За тој натпревар е важно да имаме став. Добро знаеме кои сме, знаеме дека секој натпревар е финале. Јас сум задоволен од моите фудбалери, од формата, од победите. Ќе бидеме на висина на задачата, изјави тренерот на Реал (М), Карло Анчелоти.

Ништо помалку интересно нема да биде на „Алијанц арена“ каде што фудбалерите на Баерн (М) ќе се обидат да ја искористат предноста на домашниот терен во втората меѓусебна пресметка против лондонскиот премиерлигаш Арсенал. Првиот дуел на „Емирати“ заврши без победник (2:2) и затоа и на овој натпревар сите опции се во игра.

– Ако сакаш да се пласираш во 1/4 финалето, тогаш не смееше да форсираш игра на контра-напади или пак да играш висок пресинг. Мора да бидеш комплерен, цел пакт, а не само посед или контра-напади или пресинг. Се мора да биде комбинирано. Мора да бидеме совршени ако сакаме пласман во следната рунда. Исто така, ќе имаме потреба и од малку среќе и од нашите верни фанови, изјави тренерот на Баерн (М), Томас Тухел.