ТЕРА

REKLAMA???

ВО 13:00 ЧАСОТ НАЈГОЛЕМА Е ИЗЛЕЗНОСТА ВО НОВАЦИ

Гласањето за избор на претседател на државата досега се одвива мирно на сите гласачки места, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

До 13 часот на гласање излегле 26,35 проценти граѓани, според податоци кои пристигнале до ДИК од 1720 избирачки места односно од 49,03 отсто. Како што рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски, одѕивот за гласање е 6 отсто повеќе за истиот период од денот во споредба со  претходните Претседателски избори во 2019 година.

Најголема излезност има во Општина Новаци.