Португалецот отпаѓа, Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

По осум години поминати на „Енфилд роуд“, тренерот Јирген Клоп си заминува од клупата. Германскиот стратег пред неколку недели најави дека дефинитивно си заминува, но уште нема дефинитивно кој ќе го наследи.

Како главен фаворит за местото на Клоп подолго време се спомнуваше португалскиот стратег Рубен Аморим кој сезонава го предводи Спортинг Лисабон. Преговорите меѓу Ливерпул и Аморим траат подолг период, но според англиските медиуми се дошло до „ќор сокак“.

Токму затоа како прв фаворит за наследник на Клоп сега се спомнува Арне Слот. Тоа е тренерот кој работи во Феенорд од 2021 година и доминира во Холандија. Феенорд три пати триумфираше во првенството, го освои и Купот на Холандија, а играше и во финалето на Конференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести