Breaking News

Почина уште едно повредени лице во терористички напад во Москва


Почина уште едно повредено лице кое беше во критична состојба по нападот пред една недела во Москва, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.


Така, бројот на загинатите во терористичкиот напад што се случи на 22 март во концертната сала „Крокус сити хол“ се зголеми на 141, а уште неколку повредени се во тешка здравствена состојба.


Министерот рече дека починатиот пациент имал сериозни прострелни рани, јавија руските медиуми. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА