Поврзете се со нас

Англија

Бенитез посочи која е најголемата предност на Сити во трката за титулата во Премиер лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/RCCelta

Манчестер Сити повторно е во пол позиција за титулата во Премиер лигата и тоа откако најголемите ривали Арсенал и Ливерпул неочекувано се сопнаа на домашен терен во последното коло против Астон Вила, односно Кристал Палас.

„Граѓаните“ во саботата рутински се справија со Лутон и дојдоа до првото место, но ретко кој веруваше дека по неделните мечеви ќе остане таму со оглед на тоа што „топчиите“ и „црвените“ играа пред всоите гледачи, меѓутоа двата клуба направија големи киксови во фаза кога се недозволиви и останува знак прашање дали ќе добијат нова шанса за врвот со оглед на тоа што до крајот има уште шест кола.

Шпанскиот стратег, Рафаел Бенитез работеше во Англија во минатото и од свој агол посочи која е најголемата предност на Сити во актуелнава ситуација.

-Манчестер Сити игра со голема самодоверба. Ливерпул имаше лоша среќа со завршницата бидејќи имаше шанси [против Кристал Палас], но сепак беше комплицирано. Тие [Сити] имаат добар состав, можат да сменат тројца или четворица играчи и пак лесно да победат, па ги знаат силните страни што ги имаат. Може ли да ги видам како прават слични грешки како Ливерпул и Арсенал викендов? Да можам. Ама во исто време, другите може да направат грешки, па мислам дека Сити има голема предност, -порача Бенитез за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни