Македонија

Меџити: Вреди е апсолутен победник кај Албанците, Ахмети е најголемиот политички губитник

Претседателот на Демократското движење и носител на листа на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити на прес-конференција изјави дека ВЛЕН е апсолутен победник кај Албанците.

Меџити на сите граѓани им се заблагодари за демократскиот капацитет и нивниот глас, без оглед на притисоците, како што рече, на кои беа изложени.

„За жал изборниот процес не беше фер и демократски и системот со државните институции се стави во служба на ДУИ. Заменици министри и други функционери од ДУИ беа на терен и ние тоа го документиравме и ќе ги известиме институциите и странските фактори. Имаше насилство врз гласачкото право и за тоа ќе се одговара“, рече Меџити.

Од утре Македонија ќе се подготвува за политичка ротација, со нова власт и обезбедено бадентерово мнозинство, рече Меџити.

,,Од утре Македонија ќе се подготвува за политичка ротација, со нова власт и обезбедено бадентерово мнозинство”, рече Меџити,
посичувајќи дека денеска најголем губитник се Али Ахмети и Артан Груби кои, промовирале насилство и ароганција.

Меџити се осврна на цензусот за претседателските избори и нагласи дека маските на ДУИ паднале.

„Драги Албанци, со бојкот на изборите ДУИ, која беше на власт над 20 години, таа партија се обиде да го врати политичкото организирање.Се фалеа како европска партија, дека ќе не интегрира во ЕУ, а примитивно работеа на бојкот. Тоа создава горчлива слика за Албанците во светот. Јавно го прашуваме министерот Османи кој се фалеше со ОБСЕ, како тоа таму ќе го објасни дека работеа против слободна волја на граѓаните“, рече Меџити.

На почеток