Top Sport

Макрон се надева дека Мбапе ќе игра на ОИ

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се уште се надева оти капитенот на националниот тим Килијан Мбапе ќе може да игра за својата земја на претстојните Олимписки игри во Париз.

Претседателот Макрон се надева дека капитенот Мбапе ќе може да го носи дресот на Франција како еден од тројцата играчи на возраст над 23 години. Мбапе јасно стави до знаење дека сака да ја претставува Франција на Игрите, но шансите се мали, бидејќи Реал Мадрид неодамна предупреди дека нема да ги пуштат своите играчи да учествуваат ОИ во Париз ова лето.

25-годишниот напаѓач, кој го освои Светското првенство во Русија во 2018 година и беше вицешампион во Катар 2022 година, моментално е во Пари Сен Жермен, но извесно е дека на крајот од сезоната како слободен играч ќе се пресели во Реал.

Сепак, трансферот се уште не е завршен. Доколку сака, би можел да вклучи посебна клаузула со која ќе може да учествува на Олимпијадата во неговата земја, слично како што направи Лионел Меси кога потпиша за Интер Мајами.

Фудбалскиот турнир на Игрите не е во организација на ФИФА, што значи дека клубовите не се обврзани да ги пуштат играчите.

Фудбалскиот турнир на Игрите ќе започне на 24 јули, два дена пред свеченото отворање, а ќе се игра до 9 август.

Scroll to Top