Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора

Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.

Полициската управа  соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.

„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.

Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.

„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.

 

Текстот Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора е превземен од МАКФАКС.