До 13:00 часот на територија на Општина Карбинци право на глас оствариле 695 граѓани, гласањето се одвива фер и демократски

Денеска во 07:00 официјално започна гласањето за вториот круг на двојните избори. Конкретно во Општина Карбинци право на глас имаат 3169 гласачи. Во однос на првиот круг на претседателските избори до 9 часот од 24 април право на глас оствариле 139 гласачи, додека денеска право на глас оствариле 149 гласачи посочи членот на ОИК во Карбицни Љупка Гацева Велиннова.

„За Општина Карбинци за вториот круг на претседателски избори се запишани 3164 гласачи. Излезноста до 9 часот е 4,7% односно на гласање излегле 149 гласачи. Во однос на првиот круг претседателски избори кои што се оддржаа на 24 април излезноста во 9 часот била 4,39%, однонсо на гласање излегле 139 гласачи. Во однос на парламентарните избори за општина Карбинци се запишани 3156 гласачи и излезноста е 4.7% односно на гласање излегле 149 гласачи. Сите избирачки места беа отворени во 07:00 часот и гласањето тече во најдобар ред, немаме никакви проблеми кои што се регистрирани во било кое прашање во однос на изборниот процес“ изјави Велинова

Последните резултати од ДИК за општина Карбинци покажуваат дека право на глас до 13:00 часот, оствариле 21,97 % односно 695 граѓани. Додека пак од резултатие од првиот круг на претседателските избори од 24 април излезноста била 23,10% или 731 граѓани оствариле право на глас. Денеска на територијата на државата се одржуваат седми по ред претседателски избори и 11 пат се гласа на парламентарни избори.

Лаура Стојанова М-Нет