АктуелноОхрид

Охридските гимназијалци постигнаа одлични резултати на регионалниот натпревар по информатика!

На 09.03.2024 во Струга се одржа XXXII регионален натпревар по информатика во областа на програмирањето. Во конкуренција од 230 ученици од основните и средните училишта во цела Македонија, ученици од СЕМОС академија, центарот за едукација Круг и математичко информатичката гимназија, учениците од Охридската гимназија покажаа одлични знаења и се најдоа меѓу најдобрите.

Климент Велкоски III година освои II награда – ментор Елизабета Левеска, Елена Стојоска II година освои III награда – ментор Дарко Цветкоски, Учениците се пласираа за Државниот натпревар по информатика.

Учениците Илија Волканоски, Михаил Рувинов и Андреј Трајкоски добија пофалници за своите успеси. Уште еднаш покажавме дека нашата гимназија секогаш се наоѓа меѓу најдобрите!