Колку чини да наполниш електричен тротинет на евтина тарифа?

Брз одговор: Околу 1 денар. За детален одговор прочитајте подоле.

Електричен тротинет е фантастична работа! Ем е брз, ем економичен.

Ние од Арно.мк апсолутно го промовираме возењето на велосипед, преку групите како И јас одам со велосипед на работа или преку нашите проекти како книгичката „25 факти за аерозагадувањето и начини да го намалиш“. Велосипедот е еколошко, здраво и бесплатно превозно средство.

Сепак, велосипедот не можеш да го ставиш под канцелариската маса! Тротинетот го „збира“ секаде – во автомобил, под маса, на тераса, во лифт… Тротинетот е превозно средство на иднината, особено во густо населените урбани средини. Плус е тивок и не загадува!

Но, колку ве чини возењето со електричен тротинет? Да тргнеме од почеток.

Колку е евтината тарифа во Македонија?

За целата количина на електрична енергија потрошена во ниска тарифа се применува една цена: 0,6193 ден за kWh, независно од потрошувачката.

* Преземено од ЕВН

Сега малку математика. Ако 1kWh чини 0,6193 ден тогаш 1Wh чини 0,0006193 денари. Додека цената на пренос на струја е 3,3742 ден за 1kWh односно 0,0033742 ден за Wh.

За капацитетот на батериите ќе користиме Wh како мерка. Пример „Mi Електричен тротинет Essential“ има батерија со капацитет од 183Wh.

Еве ја табелата со пресметки:

МоделБатерија капацитет (Wh)Струја (ден.)Пренос на струја (ден.)Вкупно (ден.)Км со едно полнење
Mi Електричен тротинет Essential1830.11333190.61747860.730810520
Mi Електричен скутер 32750.17030750.9279051.098212530
Mi Електричен тротинет Про 24740.29354821.59937081.89291945
Цена на полнење на Електричен тротинет Mi со ниска тарифа

Според тоа, „Mi Електричен тротинет Essential“ ќе ви требаат 0.73 денари и ќе можете теоретски да поминете 20km.

Значи, 100 километри ќе ве чинат само 3,65 денари!

Размислете за ова додека стоите во бескрајна редица со вашиот автомобил и буквално горите пари и нерви.

Пријатно возење тротинет!

3 thoughts on “Колку чини да наполниш електричен тротинет на евтина тарифа?

  1. Цената на ниската тарифа по јули 2022 е 0,6193 ден за kWh плус цена на надоместок за пренос и дистрибуција која е 3,3742 ден за kWh.

    Значи вкупно евтината тарифа е: 0,6193 + 3,3742 = 3,9935 ден за kWh

    Ova e od vas znaci. Ne vi e stavena vo presmetkata, taka da matematikata e malku greshna 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *